Шпанската репрезентација ќе биде првиот сериозен тест за Драган Бајиќ и Македонија во квалификациите за Светскиот Куп 2023.

Плејмејкерот на нашиот национален тим, Кристијан Николов во најавата за утрешниот натпревар бара поддршка од публиката за позитивен резултат.

-Не чувствуваме никаков притисок, тоа е најважно за нас. Играме против Шпанија. Ќе дадеме сè од себе да дојдеме до позитивен резултат за нас. Следниот меч ни е со Украина, потоа и Грузија. Таму ги гледаме шансите и се надевам дека ќе бележиме позитивни резултати. Репрезентацијата е предизвик за секој од нас, а враќањето на Дамјан Стојановски е голем плус. Ние сите што сме овде ќе се бориме да имаме добри резултати и да носиме успеси. Се надевам дека ќе дојде и публиката да ни даде поддршка. А ние, ако ни се укаже било каква шанса, ќе се обидеме да им вратиме за оној пораз во полуфиналето од Европското првенство од пред десет години, вели Николов.

Во петок навечер од 19.30 часот, Шпанија ќе гостува во Скопје, доволно за уште еден повик до публиката за Спортскиот центар „Јане Сандански“ да биде пополнет со максимално дозволениот капацитет.