Разрешувањето на Стојко Пауновски е согласно законот и Кодексот за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции, соопшти денеска вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски.

Според Николовски, во следните денови ќе се назначи в.д. директор на Државниот пазарен инспекторат со цел негово непречено функционирање и дејствување. Засега, се уште не е одлучено кој ќе дојде на местото на Пауновски.

-Постапено е согласно закон и согласно Кодексот. Прекршени се членовите 4 и 6. Кодексот не може да важи за еден, а за друг да не важи, рече Николовски.

Прикажи повеќе