Селекторот на  ракометната репрезрнтација на Франција, Гијом Жил, го објави конечниот список од 20 ракометари кои ќе настапат на Европското првенство 2022.

Никола Карабатиќ се опорави од коронавирусот додека капитенот Валентин Порт доби позитивен ковид-тест, па засега нема да биде дел од репрезентацијата која ќе игра на шампионатот овој јануари.

  • Голмани: Реми Дезбоне, Винсент Жерар, Весли Пардин
  • Леви крилa: Уго Деска, Дилан Нахи
  • Леви бекови: Карл Конан, Ромен Лагард, Тибо Брие
  • Средни бекови: Кентин Мае, Ајмерик Мин, Никола Карабатиќ
  • Кружни напаѓачи: Лудовик Фабрегас, Николас Турна, Тео Монар
  • Десни бекови: Дика Мем, Мелвин Ричардсон, Жулиен Бос
  • Десни крила: Беноа Конку, Јанис Лен, Валентин Порт .Франција ќе биде дел од групата Ц заедно со Србија, Хрватска и Украина.