Напаѓачот на Ватфорд, Џошуа Кинг вели дека неговиот сонародник Ерлинг Холанд (21) е многу фин дечко.

Младиот Холанѓанец постигна 70 гола за Борусија Дортмунд на 69 натпревари, има излезна клаузула од 75 милиони евра која ќе се активира следното лето, а во ред за него се речиси сите најголеми европски клубови.

„Тој е чудо“, вели Кинг и додава:

„Никогаш не сум видел некој да јаде толку многу“. Има се повеќе мускули, се зголемува – малку се смали, но не знам, јаде како мечка. Тој е многу фино момче. Во некои интервјуа тоа не изгледаше така, но тој е скромен – само момче кое ужива во фудбалот“.

Исто така, Кинг откри дека Ерлинг го симпатизира Лидс, за ког играше неговиот татко Алф Инге.

„Знам дека го сака Лидс. Не знам дали тоа ќе се случи, но би сакал да го видам во Премиер лигата. Му кажав минатото лето дека треба да дојде“, заклучува Кинг.