Серхио Рамос вчера конечно дебитираше во дресот на ПСЖ.

Рамос пристигна во францускиот клуб пред почетокот на оваа сезона како слободен играч од Реал Мадрид и потпиша двегодишен договор со парижаните.

Сепак, Шпанецот по доаѓањето во ПСЖ имаше големи проблеми со повредите и физичката подготвеност, поради што чекаше речиси четири месеци за конечно да заигра во дресот на новиот клуб.

Рамос вчера го одигра целиот натпревар против Ст. Етјен, а ПСЖ на крајот славеше како гостин со 3:1.

Иако навивачите на ПСЖ беа скептични за Рамос и тоа што не играше речиси шест месеци, но тој им покажа за каква класа се работи и одигра навистина фантастичен натпревар.

На социјалните мрежи се појави и видео од неговите најдобри потези од вчерашниот натпревар, а многумина тврдат дека е јасно дека Рамос и понатаму е еден од најдобрите дефанзивци во светот.