Напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Нејмар, продолжува да заздравува од повредата здобиена на мечот од Лига 1 против Сент Етјен (1:3) во ноември.

Со дозвола на клубот, Бразилецот мина уште една недела во татковината, а во неделата се врати во Париз за да го продолжи закрепнувањето од повредата. Дома, Нејмар работеше секојдневно со физиотерапевт и фитнес тренер.

Во моментов рехабилитацијата на Бразилецот се одвива според планот. Според „L’Équipe“, Нејмар останува сигурен дека ќе се врати на теренот за осминафиналето од Лигата на шампионите на домашен терен против Реал Мадрид.

Првиот натпревар меѓу два та фудбалски великана ќе се одигра на 15 февруари, реваншот е закажан за 8 март.