Голем број корисници останаа збунети откако Нетфликс започна да ги применува новите правила за делење на лозинката во некои земји од Латинска Америка.

Популарниот стриминг сервис почна со примена на правила во Чиле, Костарика и Перу. Новите услови на користење, кои беа најавени во март, подразбираат доплата од околу три долари за делење на налог со луѓе надвор од домаќинството.

Условите на Нетфликс претходно не дозволувале делење на налогот со корисници надвор од домаќинствата, но платформата никогаш не наплаќала за кршење на правилата.

Претплатниците реагираат на ова, велат не биле на време информирани и дека не им е јасна дефиницијата на Нетфликс „домаќинства“. Еден дел од корисниците во овие земји се жали дека не добил мејл со известувањето, додека кај други започната е автоматска наплата за секое лице со кое се дели налогот.

Проблем во дефинирањето настанува кога членови на исто семејство кои делат налог, не живеат во ист стан или град. Според новите правила, тоа ги крши условите на користење и се наплаќа.