Неверојатен резултат е забележан во втората четвртина од натпреварот од израелското првенство меѓу Галил Елион и Хапоел Тел Авив.
Домашните имаа девет поени предност по првите 10 минути, но во вториот период не постигнаа ниту еден поен.
Избраниците на Димитрис Итудис, предводени од Јам Мадар, ја добија втората четвртина со резултат 22:0 и на пауза заминаа со резултат 36:23.
Хапоел на крајот победи со 79:64, а Мадар имаше учинок од 17 поени, три скока и 11 асистенции. Во поразениот тим Олкинс забележа 17 поени, шест скока и четири асистенции.
Текстот Нестварно: Кошаркарите на Галил Елион цела четвртина не постигнаа кош е превземен од МАКФАКС.