Екипата на Чикаго Булс триумфираше во дуелот против Јута со конечни 107:99 и на тој начин стигна до петтата победа во шестиот дуел во актуелмата НБА сезона.

Најдобар беше Демар Дерозан кој постигна 32 поени, а додаде и шест скока и 3 асистении. Зек Лавин исто така и повеќе од солиден со 26 поени пет скока и исто толку асистенции. Мичел на спротивната страна со 30 поени вредни само за лична статистика, но не и за победа на овој меч.

Конечни резултати:

Детроит – Орландо 110 – 103

Њу Орлеанс – Њујорк 117:123

Индијана – Торонто 94:97

Филаделфија – Атланта 122 – 94

Чикаго – Јута 107:99

Мемфис – Мајами 103:129

Милвоки – Сан Антонио 93:102

Минесота – Денвер 91:93

Голден Стејт – Оклахома 103:82

Феникс – Кливленд 101:92