Португалецот Рубен Невеш (26) ќе стане нов играч на Барселона. Невеш ги договорил сите услови за соработка со каталонскиот гигант, а наскоро трансферот треба да биде официјализиран. Целата операција ја водел познатиот агент Жорге Мендеш. Договорот за трансфер е постигнат, но за да биде реализиран Барселона ќе треба да го продаде Ансу Фати на кој било клуб за најмалку 30 милиони евра, за да може да го регистрира Португалецот.

Фати е килент на Мендеш, требаше да биде дел од трансфер пакетот со Вулверхемптон за Рубен Невеш, но одби да замине во Англија. Барселона сега бара друг клуб за него. Рубен Невеш ја започна својата младинска кариера во Порто. Во овој тим се прослави и во сениорскиот фудбал, а во 2017 година замина во Вулверхемптон за сума од 16 милиони евра.

Во Премиер лигата одигра 250 натпревари за Вулвс и постигна 30 гола

Прикажи повеќе