Роберт Левандовски само ја потврди победата на Баерн Минхен против Волфсбург (4-0), постигнувајќи погодок со кој влезе во историјата.

Полскиот напаѓач на многуте рекорди кои ги сруши досега, му одзеде уште еден на веќе покојниот Герд Милер. Левандовски даде 43 погодоци во Бундеслигата во 2021 година, оставајќи го легендарниот Милер зад себе со еден помалку.

Левандовски со 43 погодоци во календарската година изби прв на листата, на второто место е Герд Милер со 42 гола, а го следи Диетер Милер со 39, додека на следните две позиции пак котира Герд.

Голгетерот на Баерн Минхен имаше неверојатна година на персонален план. Постигна вкупно 69 погодоци, но и покрај тоа не ја доби „Златната топка“ која заврши кај Меси. Левандовски се израмни со Кристијано Роналдо кој во 2013 година постигна исто толку голови, па сега е на делба на второто место и на оваа листа.