Во  НБА тимот на Шарлот Хорнетс се појави коронавирус, а најмалку четири играчи се заразени. Младата ѕвезда Ла Мело Бол заедно со Тери Розиер добиле позитивен тест, а потоа позитивни излегоа и Мејсон Пламли и Џален МекДаниелс.

Во клубот веруваат дека постојат и уште случаи, па целиот тим е во моментов во изолација.

Хорнетси се седми на истокот со 13 победи и 11 порази, и треба во понеделник вечер да играат со Атланта на гости, но прашање е дали ќе се одигра.