Викендов во кањонот Матка се одржува 53-тото издание на меѓународниот натпревар во кајак, „ИКАС 2022“. Претседателот на Кајакарската федерација во Македонија, Дрилон Леши, истакна дека традицијата на трките продолжува и покрај бројните ограничувања поради пандемијата.

„И покрај ограничувањата што ги имаме поради пандемијата успеавме да поканиме голем број учесници. Имаме натпреварувачи од Косово, Грција, Србија, БиХ, Македонија. Има голема конкуренција, минимум од сите клубови имаме по 4-5 учесници на секоја трка“, изјави Дрилон Леши, претседател на Кајакарската федерација во Македонија

На Матка за прв пат во 50-годишната историја на оваа трка ќе учествува и Косово. Претседателот на косовската кајакарска федерација Висар Емини потврди дека Федерацијата на овој спорт и официјално е примена во Меѓународната кајакарска федерација.

„Големо задоволство е што денеска за прв пат учествуваме на ова натпреварување во Матка, Скопје, во дисциплината слалом каде официјално учествуваат Албанци. За жалење е тоа што 53 години овде не знаеме дека имало натпреварувач Албанец. Огромно е задоволството не само заради учеството дека ќе го запишеме името на Косово таму каде што досега не било напишано, туку и поради тоа што ќе бидеме претенденти за првите 3 места“, изјави Висар Емини, претседател на Кајакарската федерација на Косово

Кајакарот од Косово Лоранд Ѓоши за прв пат уживаше на брзата патека на Матка на која верува дека ќе постигне позитивен резултат.

„Нашата цел е да постигнеме подобри, позитивни резултати на оваа трка. Одржавме тренинзи на Матка и многу добро си поминавме… Патеката е многу добра, технички…. Важно е да се претстави Косово, да покажеме дека сме тука и имаме силни кајакари“, изјави Лоранд Ѓоши, кајакар од Косово

Денеска беа полуфиналните трки, а утре е финалето. /Алсат.мк

Махир Тачи