Тренерот на Тотенхем, Антонио Конте ги коментираше споредбите со Челзи од пред пет години со кој ја освои Премиер лигата уште во првата сезона под негово водство.

– Мислам дека ситуацијата е поинаква, не сакам да повлекувам такви паралели, бидејќи разликата е преголема. Плус, добро се сеќавам дека почнав да работам во Челзи на почетокот на сезоната, а кога ќе се зафатите со работа на почетокот на сезоната, имате можност да работите со вашите играчи и да донесувате одлуки за нив. Се разбира, треба да продолжиме напорно, користејќи ја самодовербата што ја имаме за да станеме посилни. Сите добро знаеме дека ни претстои сериозна работа, изјави Конте.

Под водство на италијанскиот фудбалски стручњак, тимот од Лондон игра како препороден. Вчера совладан беше Кристал Палас со убедливи 3:0.

Од 16 натпревари има 29 бода за во моментов 5. место на табелата, но и три натпревари помалку од конкурентите за висок пласман.