Како најава за она што следува за околу половина час, во Манчестер нотираа дека на денешен ден пред точно 35. години, на 6 ноември 1986 година Алекс Фергусон го презема Манчестер Јунајтед.

На 45. годишна возраст во тој момент, Фергусон го презема во моментот со резултатски проблеми Јунајтед и го претвори во еден од најуспешните клубови и фудбалски династии во историјата. Со Јунајтед освои 13 титули.