Сите кои патуваат со авион речиси маки мачат со вишокот на килограми во куферите по мерењата на аеродромите низ целиот свет.

Истото му се случило и на еден пар од САД кога на патот за Лас Вегас им било соопштено дека имаат три килограми вишок и мора да фрлат неколку работи од него.

Џеред и Кристи не сакале дополнително да плаќаат пари за вишокот на килограми, па се одлучиле да го отворат куферот и да фрлат нешто од него.

Меѓутоа кога го отвориле, внатре пронашле нешто што никако не е за фрлање.

Имено во куферот се гурнало нивното куче Ики од расата Чивава кое најверојатно додека се пакувале влегло внатре меѓу алиштата.

За среќа Ики е откриен на време, бидејќи прашање на време е дали ќе преживееше на летот до Лас Вегас.