Најстариот човек на светот е од Европа. Станува збор за 118-годишната француска калуѓерка – сестра Андре.

По смртта на 119-годишната Јапонка Кане Танака во понеделникот, сестра Андре се смета за нејзин наследник.

Таа преживеа две светски војни, шпанскиот грип и се зарази со коронавирус.

Сестра Андре има цел за себе – да го достигне или подобри рекордот на уште една Французинка, Жан Калман, која почина на 122 години во 1997 година.