Хрватскиот ракометен сојуз денеска потврди дека најголемите ѕвезди во националниот тим, Лука Циндриќ и Домагој Дувњак имале позитивен тест на ковид-19.

На помалку од десет дена до почетокот на Европското првенство, Хрватите остануваат на неопределен период без најважните ракометари кои се испратени во изолација, јавуваат хрватските медиуми.

Честите тестови наложени од ЕХФ донесоа многу позитивни случаи кај селекциите учесници на ЕП, а Дувњак и Циндриќ сега ќе бидат во трка со времето за да обезбедат негативни тестови, а со тоа и дозвола да бидат дел од Европското првенство.

Другите хрватски репрезентативци имале негативни тестови и продолжуваат со редовните тренинзи, а прв кандидат за пополнување на испразнето место на позицијата среден бек е Игор Карачиќ кој остана на списокот на резерви.