Потрагата по именката „секс“, како и други поими поврзани со сексот, е многу почеста и поинтензивна за време на големите празници.

Научниците од Универзитетот во Индијана и португалскиот институт „Gulbenkian de Siensia“ дополнително го објаснија општоприфатеното верување дека сексуалниот живот на луѓето се одвива во циклуси поврзани со биолошки промени кои се во согласност со промените во природата (како што се промените во времето или сезонската достапност на храна ).

Нивната теорија, објавена во списанието „Scientific Reports“, вели дека зголемувањето на бројот на бремености во едно општество е одредено од културните барања на околината.

До овој заклучок дошле научници од два универзитета гледајќи го „колективното несвесно“. Тие ги документирале пребарувањата на Google за термини поврзани со сексот во 130 земји во десетгодишно истражување.

Резултатите покажале дека потрагата по именката „секс“, како и други поими поврзани со сексот, е многу почеста и поинтензивна за време на големите празници и дека тоа одговара на зголемување на бројот на раѓања девет месеци подоцна.

Најголем пораст на пребарувањата во земјите со христијанско мнозинство од населението се случува околу Божиќ, додека во муслиманските земји тоа се случува за време на периодот на Рамазан Бајрам. Ова е особено интересно, бидејќи Рамазан Бајрам е „лизгачки“ празник кој го менува датумот секоја година, но истражувачите сепак забележале скок, што е показател за дефинитивната поврзаност помеѓу зголемениот број на интимни односи со обичаите во различни култури.

Еден од авторите на студијата, професорот Луис Роха од Универзитетот во Индијана, во коментар на истражувањето напиша:

„Зедовме предвид дека Божиќ и Рамазан се карактеризираат со одредено колективно расположение, кое е поврзано со зголемување на плодноста. Веројатно луѓето се чувствуваат помотивирани да го зголемат своето семејство за време на празниците, бидејќи акцентот е ставен на љубовта и подарувањето деца. Дека сето тоа ги носи луѓето до среќно семејно расположение, полно со љубов“.