Почнувајќи од 2 јануари, Меркур е во знакот Водолија каде ќе остане сè до 25 јануари кога ќе тргне во ретроградно движење во знакот Јарец. Пред да почне неговото ретроградно движење, Меркур ќе ни донесе шанси за светла иднина!

Според астролозите, оваа необична положба на планетата на комуникацијата ќе ни го „наруши“ секојдневието, но на позитивен начин. Можно е да стекнеме некои нови сознанија кои ќе ни помогнат да гледаме на животот од поинаков агол. Астролозите предвидуваат дека во следниот период најчесто ќе размислуваме за тоа како да ја направиме нашата иднина подобра, посветла и попозитивна.

Во овој период, исто така, разумот ќе ги надвладее емоциите, па така некои ситуации на кои порано сме им пристапувале со нагласени емоции, сега можеме да ги гледаме од порационална страна. Ова може да одигра значајна улога во процесот на донесување одлуки бидејќи ќе ги гледаме луѓето и ситуациите онакви какви што се.

Негативната страна се состои во тоа што честопати ќе ги игнорираме туѓите емоции. Да не заборавиме дека емпатијата е еден од најважните елементи кога станува збор за комуникација.

На полето на кариерата, периодот на транзитот на Меркур во Водолија ќе се покаже како поволен бидејќи ќе имаме храброст да ги претставиме нашите идеи на реален и рационален начин. Во деновите што доаѓаат, можно е да го исфрлите она што мислите дека повеќе не функционира и да им оставите простор на одредени иновации кои можат да ја унапредат вашата кариера.

Друга важна работа е дека нема да ги занемарите вашите потреби и дека ќе си пружите одмор и релаксација секогаш кога ви се потребни.

Не бегајте од дискусија бидејќи вашите мислења за различни теми ќе бидат силно поткрепени со факти и ќе уживате во долгите разговори со колегите. Добро ќе се снајдете во каква било ситуација, макар и во онаа која бара прилагодување. Ќе работите брзо и фокусирано, ќе ви се зголеми способноста за набљудување и ништо нема да пропуштите. Најуспешни ќе бидат оние луѓе родени во знакот Бик, Лав и Скорпија.

Ќе ги оставите настрана претпоставките за другите, па така ќе ви биде полесно да се поврзете со која било личност, дури и ако е сосема различна од вас. Најмногу од сè, ќе сакате да бидете во друштво на необични луѓе кои ќе ви помогнат да ги проширите познанствата и хоризонтите.

Обидете се да ја искористите оваа енергија и за подобрување на финансиската состојба. Не оптоварувајте се со мислите и желбите на другите, туку фокусирајте се на себе и вашите потенцијали.