Со оваа фризура ќе бидете подготвени за секоја пригода

Сигурно ви е позната ситуацијата кога се подготвувате за некоја посебна пригода, а косата не сака да остане во положбата во која сте ја наместиле.

Дури и кога ќе направите идеална фризура, временските услови брзо ја расипуваат, а не ви останува ништо друго освен да ја соберете и да ја врзете во опавче.

Сепак, дали сте размислувале за пунџата како идеално решение за трајна и совршена фризура?

Доколку сакате да изгледате уредно и елегантно, тогаш оваа безвременска класика е идеалното решение за вас.

Инфлуенсерката и модна блогерка Наташа покажа како се прави пунџа која одговара на секој стил и секоја пригода.

Шармот на оваа фризура е што ќе бидете свој фризер, и што нема да ви одземе повеќе од 10 минути.