Италијанскиот калчолигаш Наполи со пресврт успеа да ја освои Варшава и да ја победи Легија со 4-1, притоа и да го освои првото место во групата на две кола до крајот во Лига Европа во оваа четврта рунда, по која Лион со нова победа избори пролет во второто по ранг натпреварување.

Македонскиот дијамант Елиф Елмас играше 65 минути на мечот, на кој учествуваше во акцијата по која Пјотр Зиелински во 51-та минута беше соборен, а Полјакот даде гол за израмнување, па потоа Дрис Мертенс од пенал и Ирвинг Лозано за четири минути од 75-та до 79-та погодија за да ја обезбедат победата, а Адам Унас во судиското надополнување ја завери победата на наполитанците, кои по само десет минути беа во негатива со голот на Емрели.

Елмас во првиот дел имаше една извонредна шанса за гол во акцијата со Андреа Петања, но неговиот удар откосо го одбрани голманот на Легија.