Одличната сезона на Елиф Елмас под водство на Лучано Спалети со шест гола и пет асистенции, управата на Наполи ја принуди иако Елмас има уште три години од договорот да го задржи уште подолго време и веќе е подготвена нова соработка за него.

Според информациите на „Кориере дело Спорт“, Наполи не го дава Елмас, иако имаше понуди од Борусија Дортмунд и Лидс за македонскиот репрезентативец.

Според италијанските медиуми Елмас и Оунас ќе добијат уште поголема плата, а со нив треба да почне изградбата на „новиот Наполи“ во пост-ерата на Лоренцо Инсиње и Дрес Мертенс со тоа што главни играчи би требало да биде младата гарда во моментов.

Елмас во Наполи дојде во летото 2019 година од Фенербахче за 16 милиони евра и веќе еднаш го продолжи договорот до 2025 година, а заработува 1,5 милиони евра годишно. Македонецот во моментов според фудбалската оперваторија „ЦИЕС“ е проценет на 75 милиони евра и е еден од десетте највредни фудбалери во Серија А.