Наполи, минатата недела го продаде Хвича Кварцхелија во Пари Сен Жермен. Откако го реализираше трансферот вреден 70 минилиони евра, клубот од Неапол започна да бара играч кој ќе го замени Кварацхелија.
Медиумите шпекулираа дека Наполи ќе се обиде да го донесе Алехандро Гарначо од Манчестер јунајтед, наводно и понудиле 40 милиони евра за Аргентинецот.
Вистината е поинаква, изборот на Наполи е Карим Адејеми од Борусија Дортмунд.
Сезонава Адејеми на 13 натпревари во сите натпреварувања постигна пет гола и исто толку асистенции.
Од летото 2022 година, кога беше во Дортмунд, постигна 19 гола на 79 натпревари, а пред тоа одигра три сезони во Салцбург и постигна 33 гола на 94 натпревари. .
Наполи наводно е подготвен да плати меѓу 45 и 50 милиони евра.
Текстот Наполи замената за Кварацхелија ја најде во Дортмунд е превземен од МАКФАКС.