Руските сили ја нападнаа главната телевизиска кула во Киев, при што загинаа 5 лица, а неколку се повредени. Се дознава дека веднаш по нападот целосно е прекинато емитувањето на програмите на украинските телевизии.

Украинскиот министер за надворешни работи рече дека ништо не ги спречува руските криминалци од нивното варварство. Градоначалникот на Киев Кличко нагласи дека напојувањето на кулата било оштетено од нападот. Претходно Русите ги предупредија жителите дека се подготвува напад врз главниот град на Украина, Киев, насочен кон технолошки центри.

Прикажи повеќе