Капитенот и селектор на македонската машка ракометна репрезентација, Кире Лазаров, беше јунак на својот Нант во Европската лига на ЕХФ во дуелот со ГОГ Гудме.

Мечот меѓу ГОГ и Нант во Данска заврши без победник (29-29), а токму Лазаров на десетина секунди пред крајот го постигна погодокот вреден бод на тешкото гостување за францускиот претставник во новото натпреварување на ЕХФ.

Лазаров натпреварот го заврши со пет гола од осум обида и беше втор стрелец кај Нант, веднаш зад Бриет кој имаше шест реализации. Кај ГОГ, Питлик и Толбринг тресеа мрежи по седум пати.

Нант по пет одиграни кола има три победи, едно реми и еден пораз и се наоѓа на третото место.