По неверојатниот, историски пресврт Рафаел Надал дојде до својот 21 Грен слем победувајќи го Данил Медведев по пет ипол часовен натпревар.

Шпанецот беше исклучително емотивен на доделувањето на пехарот и не ја симнуваше насмевката од лицето.

Во изјавата по натпреварот, Надал му се заблагодари на семејството за безрезервната поддршка.

-Без сомнение ова е една од најемотивните победи, постојано добивав поддршка и тоа ќе остане до крај во моето срце, Искрено не можам доволно да се заблагодарам на семејството, на мојо тим…Пред месец и половина реков дека ова можеби ќе биде мојот последен Австралија Опен, но сега имам енергија да продолжам. Не можам да го објаснам чувството, ќе дадам се од себе и ќе се трудам да дојдам и следната година, истакна Надал.