Шпанецот Рафаел Надал со победата против Данил Медведев, и тоа по пет сета со сензационален пресврт (3-2), стигна до рекордниот 21. гренслем-трофеј во кариерата со што ги надмина неговите вечни ривали Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ.

Надал е еден од најголемите тенисери во историјата, но очигледно наоѓа доволно време и да се вклучи во светот на фудбалот, а тоа го покажува и неговата страст за Реал Мадрид, но и потегот од пред неколку години кога им обезбедил трансфер на „кралевите“.

Марко Асенсио благодарение на Надал се преселил во Реал Мадрид за 3,9 милиони евра, па со шпанскиот гигант освои две титули во Ла Лига и две во Лигата на шампиони (ЛШ).

Шпанскиот тенисер во него забележал голем потенцијал, па го контактирал претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез и му кажал дека мора по секоја цена да го купи Асенсио.

„Таа приказна е вистинска. Надал му се јави на Перез и му кажа да ме ангажира. Во 2014 година мојот агент ми кажа дека Реал е заинтересиран за мене, а неколку тимови ми се јавија и се обидуваа да ги забрзаат преговорите, но еден ден пред меч ми се јави и ми кажа дека ќе бидам фудбалер на Реал Мадрид. Бев во Мадрид, потпишав договор, а потоа се вратив на Мајорка да ја завршиме сезоната“, откри Асенсио.