Рафаел Надал по турнирот во Вашингтон ја пропушти речиси половина сезона поради повреда. Шпанецот и натаму е далеку од своето ниво што се докажа на егзибицискиот турнир во Абу Даби.

Запиша два порази од Енди Мареј и Денис Шаповалов, па изјави дека не е сигурен за настап на првиот грен слем во новата година, Австралија опен.

„Ќе разговарам со мојот тим, не можам да гарантирам 100 отсто дека ќе играм на Австралија опен. Мојот план е да бидам таму, но треба да видам како ќе реагира моето тело. Има уште време за да ја донесам конечната одлука“, рече Надал.

Поминаа точно шест месеци од последниот официјален меч на освојувачот на 20 грен слем трофеи. Австралија опен стартува на 17 јануари 2022 година.