Додека е во тек борбата на Ѓоковиќ да остане во Австралија и да настапи на Австралија Опен во јавноста најголемо внимание со своите коментари привлекува Шпанецот Рафаел Надал.

Надал претходно неколку пати го критикуваше Ѓоковиќ, а сега одново даде таква изјава. Шпанецот порача дека не се согласува со работите што ги прави српскиот тенисер.

„Турнирот во Мелбурн е поважен и поголем од било кој тенисер. Австралија Опен ќе биде одличен гренслем и без него. Го почитувам Новак, но не се согласувам со многу работи што ги направи во последните две недели“, изјави Надал.

Ќе потсетиме, ако Ѓоковиќ настапи на Австралија Опен и дојде до титулата ќе има 21 освоени гренслем титули со што би имал една повеќе од Надал и Федерер на вечната листа.