Френсис Нгану стана апсолутниот шампион во тешка категорија, победувајќи го Сирил Ган на поени (48:47, 48:47, 49:46) во главното шоу на УФЦ 270.

Во борба со голема историја, Нгану и Ган беа спаринг партнери во „ММА Фектори“ од 2017 до 2019 година, додека Нгану не влезе во конфликт со тренерот Фернан Лопез, сметајќи дека тој му ги краде парите.

Во кафезот, акцијата беше внимателна од двајцата фајтери, без многу директни удари и наместо тоа со невообичаено многу борење. Нгану го покажа својот квалитет во третата рунда, кога го собори противникот и имаше доста удари. Слично беше и во четвртата и петтата рунда, по која Нгану покажа дека е заслуже шампион.

Победата значи дека Нгану останува под договор со УФЦ и покрај јавното несогласување со шефот Дејна Вајт – да загубеше тој ќе останеше слободен агент и ќе можеше да се концентрира на втората главна ел во кариерата – боксот.

35-годишниот Нгану ја освои УФЦ титулата во тешка категорија со нокаут над Стипе Миочиќ минатиот март, и сега има шест победи во низа, од кои последните пет пред овој меч со нокаут. Ган, пак ја освои преодната титула со нокаут над Дерик Луис во август и имаше совршени 7-0 пред мечот со Нгану.