Тренерот на Баерн Јулијан Нагелсман е позитивен на коронавирус, и тој тест го добил за време на гостувањето во Лисабон.

Нагелсман веднаш бил испратен назад во Минхен со медицински авион и ќе биде изолиран. Инаку Нагелсман е вакциниран со две дози вакцини, соопшти клубот од Минхен.

Баерн успеа да победи против Бенфика 0:4, со голови постигнати во вториот дел.