Португалскиот стратег Жозе Мурињо веќе размислува за нови засилувања за Рома во јануарскиот преоден рок. Според „А Бола“, на радарот на португалскиот стручњак е момчето кое со своите игри во дресот на Порто го воодушеви фудбалскиот свет. Преговорите се веќе во тек.

Тоа му овозможи трансфер во Атлетико Мадрид, но нештата за него тргнаа наопаку во шпанската престолнина.
Хектор Ерера е на милост и немилост на Диего Симеоне, доби само 43 минути на последните шест натпревари во Ла Лига и тоа дефинитивно е причина за заминување.

Рома го чека со раширени раце. Ерера дојде во Атлетико Мадрид во 2019 година како слободен агент откако му истече договорот со Порто, а Мурињо би го довел на позајмица до крајот на сезоната, со опција за целосен откуп на договорот.