Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо изрази видливо незадоволство од состојбата во турскиот шампионат.

„Скандал, скандал, скандал“, грмеше Мурињо на прес-конференцијата откако актуелниот шампион Галатасарај го победи Гезтепе со 2-1.

Како што беше соопштено, многу судиски одлуки отидоа во корист на Галатасарај, што влијаеше на конечниот исход.

На домаќинот му беше досуден пенал во сомнителна ситуација, додека на другата страна тоа не беше случај кај очигледното играње со рака на Лукас Тореира.

По мечот изби познатата војна на изјави, а се вклучи и Мурињо.

„Единствено што можам да кажам е дека во мојата 25-годишна тренерска кариера, никогаш не сум видел вакво нешто. Ова е димензија која оди подалеку од сè што е разбирливо. Мислам дека ова не е ситуација во која еден клуб, борец, ќе уништи состав кој е неверојатно силен и ефикасен. Сите говореа исто: ‘Скандал, скандал, скандал’, научив нов збор“, рече па продолжи:

Скандал, скандал, но мислам дека на некои од вас ви се допаѓа. Во оваа земја го сакаат. Тоа го сакаат дури и победниците, што е најлошо, затоа што да се победи по секоја цена и на овој начин е најлошо. Немам што да кажам за посветеноста на играчите. Во смисла на доверба и чувство дека нешто е токсично? Чувствуваме, очигледно чувствуваме, но мислам дека и противниците тоа го чувствуваат“, рече Мурињо.

Фенербахче заостанува осум бода зад Галатасарај, кој по 17 одиграни натпревари се уште е непоразен.