Селекторот на македонската машка сениорска кошаркарска репрезентација, Драган Бајиќ денеска го објави списокот на кошаркари на кои ќе смета за ноемврискиот ФИБА „прозорец“ од квалификациите за Светскиот Куп во 2023 година.

Бајиќ за дуелите против Шпанија закажан за 26. ноември во Скопје, и Украина, на 29 ноември во Киев, објави поширок список со 18. кошаркари.

До првиот собир, кој е предвиден за 20. Ноември во Скопје, Бајиќ и стручниот тим ќе ја следат формата на сите репрезентативни кандидати, по што ќе биде формиран финалниот ростер за двата натпревари во квалификациите во првиот ФИБА „прозорец“.

Список на повикани кошаркари:

Бојан Крстевски (МЗТ Скопје Аеродром), Кристијан Николов (МЗТ Скопје Аеродром), Дамјан Робев (МЗТ Скопје Аеродром), Дарио Митевски (МЗТ Скопје Аеродром), Адем Мекиќ (МЗТ Скопје Аеродром), Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром), Бобан Стајиќ (Пелистер), Стојан Ѓуроски (Пелистер), Љубомир Младеновски (Пелистер), Андреј Митревски (Феникс 2010), Виктор Ефремовски (Гостивар), Андреј Маслинко (ТФТ), Кирил Николовски (Кожув), Лејсон Зекири (Приштина-Косово), Андреј Магдевски (Плоешти ЦСМ-Романија), Теодор Симиќ (Барселона-Шпанија), Ненад Димитријевиќ (Валенсија-Шпанија), Џејкоб Вајли (Будуќност-Црна Гора).