Македонскиот фудбалер Муарем Муарем реши да ѝ стави крај на фудбалската кариера како член на Гостивар, но и понатаму ќе остане дел од овој спорт.

По последниот натпревар во ВМФЛ во кој Гостивар успеа да слави, играчите го испратија популарниот Муки во пензија. 34-годишникот ќе остане и понатаму дел од екипата, на некоја од раководните функции или како дел на стручниот штаб, тоа допрва ќе биде утврдено.

Покрај за Гостивар, во кариерата Муарем настапуваше и за Брегалница, Шкупи, Работнички, Тетекс на домашната сцена, како и Фљамуртари (Албанија), Актобе (Казахстан), Карабах (Азербејџан), Ешкишехирспор и Ордуспор (Турција) во странство./Gol.mk/

Прикажи повеќе