Управата на Монако денеска ја прекина соработката со тренерот Звездан Митровиќ, кој ја плати цената од пет порази во Евролигата.

Челниците на клубот утрово ја официјализираа разделбата од Митровиќ, а неколку часа подоцна го објавија и името на новиот тренер.

Станува збор за Србинот Саша Обрадовиќ, кој се враќа назад во тимот што го водеше од 2019 до 2020 година. Обрадовиќ ја почна ланската сезона на клупата на Црвена Звезда, каде по неколку месеци доби отказ, по што беше без ангажман се до денешниот договор со Монако.