Денеска за во 13.30 часот закажан е итен состанок на клубовите од Серија А. Се разбира дека тој состанок ќе биде преку видео-конференција, а иноста е поради големите, страшните проблеми кои што ги имаат клубовите во овој период со Ковид-19.

Секако дека ќе стане збор за тоа кои и какви мерки треба да се преземат, а нема ништо чудно да биде ако се одлучи да се одложи цело 21.коло кое се игра утре.

Да споменеме дека веќе три меча од сите десет кои треба да се играат, веќе се одложени.