Научниците од Американската администрација за храна и лекови (ФДА) вчера објавија дека „Модерна“ не ги исполнила нивните критериуми за да биде одобрена употребата на засилувачка доза на вакцината против ковид.

ФДА соопшти дека податоците за вакцината на „Модерна“ покажале дека бустер-дозата ги зголемила антителата, но дека разликата во нивото на антитела пред и после третата доза не е доволно голема, особено кај луѓето чии нивоа на антитела останале високи.

ФДА генерално ги следи советите на своите експерти, но не е обврзана да ги прифати.

„Модерна“ побара овластување, 50 микрограми од нејзината вакцина, што е половина од првобитната доза на вакцината, да се дава како засилувач, четири недели по вакцинирањето со две дози.

Советниците на ФДА, исто така, ќе одлучуваат за засилуввачката доза од вакцината „Џонсон и Џонсон“ в петок, која се прима во единечна доза.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.