Натпреварот меѓу Аугсбург и Мајнц, од 26. коло во Бундес лигата, кој требаше да се одигра в сабота од 15:30 часот, е одложен.

Причината за ваквата одлука е големиот број на заразени со Ковид-19 во тимот на Мајнц. Веста ја објави Лигата на Футбалот во Германија.

Се уште не е познато кога ќе се игра овој натпревар, додека средбата на Мајнц со Борусија Дортмунд, минатата недела, поради истата причина не се одигра.

Прикажи повеќе