Мојата резигнираност и револт против „стручната екипа” на Филипче, поради огромниот број на изгубени животи (досега околу 7.500), во ковид болниците на Република Македонија, ќе ја изразам со прашање:

-Ако не можете да го спасите животот на ваша лојална млада колешка – лекар, позитивна на Ковид, вакцинирана со две дози „вакцина“, тогаш како ќе верува народот во вас дека треба да се вакцинира и дека ќе им го спасите животот со вашата стручност во вашите болници…? – пишува Ристо Мијаковски.

Понатаму додава:
Поради скепсите, дилемите и недореченостите, прашањето до министерот Филипче, особено после неговата денешна изјава, која ги оправдува, мојата резигнираност и револт, што ја слушнав во пладневен ТВ дневник, дека „…не ги знае причините за толкава смртност…” го надополнувам со прашањата:

-Дали навистина се работи за недоволна стручност на вашите екипи, па и ваша или се работи за нешто друго?

Еве го поводот за прашањата до министерот.
Денеска беше многу тажен ден за неколку наши фамилии ама и пошироко.
Денеска не известија дека прва братучетка на Ана, позитивна на ковид, почина во Градската болница.
Докторката и нејзиниот сопруг имале примено по две дози против Ковид!
Во тој период биле два пати позитивни на Ковид.
Докторката од кумановска болница била префрлена во скопската болница, додека сопругот останал во кумановската болница.
Поради отежнато дишење, била поставена на машина -респиратор.

За жал, за кратко време, два дена, нејзините колеги не успеале да и го спасат животот.

Трагедијата да биде поголема, истовремено, нејзиниот татко паднал во неговиот дом.

Со брза помош го префрлиле во болница, тестовите покажале дека и тој е позитивен на Ковид, но поради немање место во болницата, го сместиле во модуларната болница. Исто така и тој имал примено две вакцини против Ковид!
Сестрата на таткото, тетка на докторката, исто така била позитивна на Ковид, исто така имала примено две вакцини!

Поради нашата љубов и почит кон неа, со мојата сопруга, успеавме да ја убедиме да земе една доза ивермектин.

Ете таа е добра и брзо се опоравува.

Трагедијата да биде вистинска ТРАГЕДИЈА, утре, на нејзиниот погреб, поради протоколите на Министерството за здравство, не ќе можат да и бидат присутни најблиските, таткото, сопругот, тетката…
Вистинска ТРАГЕДИЈА на ова време….!?
ЖАЛНО, НАВИСТИНА ЖАЛНО!

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.