Легендарниот 54-годишен јапонски фудбалер Казујоши Миура објави дека нема намера да ја заврши својата кариера, наведувајќи оти за неговите услуги на теренот сè уште постои голем интерес.

Миура, кој во родната земја е познат под прекарот „Кралот Казу“ обелодени дека дури осум јапонски клубови го бараат неговиот потпис за следната сезона, јавија локалните медиуми.

– Ќе биде тешко да се одлучам за кого ќе играм, изјави Миура, кој годинава ја одигра својата 36. сезона во професионалниот фудбал.

Иако неговиот досегашен клуб Јокохама испадна во втората јапонска лига, а Миура одигра само еден првенствен и три куп натпревари, јапонскиот фудбалски ветеран наведе дека пред него сега е нов предизвик во кариерата.

– Сакам да ја донесам вистинската одлука. Моите чувства кон фудбалот и моите стремежи воопшто не се променија откако станав професионален фудбалер во Бразил во 1986 година. Ниту страста не е промената, додаде Миура.

Најворазниот фудбалер во светот својата импозантна кариера ја почна во бразилски Сантос, по што меѓу другите настапуваше и за Палмеирас, Коричиба, Верди Кавасаки, Џенова, Висел Кобе, Динамо Загреб и Сиднеј.