Македонскиот голман Никола Митревски покажа уште еднап како се цени дресот на националниот тим.На крајот средбата ја заврши со десет одбрани.

„Одигравме далеку од тоа што го подготвувавме за Црна Гора. Мислам дека ова е натпревар под нашите можности, но од секој натпревар треба да се учи. Честитки до Црна Гора, беа подобри, повеќе мотивирани, агресивни, тоа се трите причини за овој резултат. Поголемиот дел од играчите веќе имаат добро искуство и ако не делуваме како целина, туку како индивидуи не можеме да направиме ништо. Верувам во стручниот штаб и мислам дека се што прават е добро и има зошто го направиле тоа. Денеска сите грешевме. Не го изгуби натпреварот некој поединец, така да поразот е на цела екипа“, изјави Митревски.