Новиот и сериозен вид на хепатитис регистриран кај околу 300 деца во дваесетина земји го вклучи алармот во светот. Научници, инфектолози, педијатри проучуваат зошто овие пациенти имаат тешко воспалување на црниот дроб и им треба болнички третман. Како што пренесуваат светските медиуми, на дел од децата им била неопходна и трансплантација на црн дроб а кај половината заболени бил детектиран аденовирус – честа болест во детската возраст. Во нашата земја низ ординациите не поминале такви болни, но педијатрите внимателно следат што се случува во другите држави.

-Хепатитот ако не се открие навреме може да предизвика тешка клиничка слика. Затоа треба внимателн ода се следи состојбата. Апел до родителите – ако детето има пролив и повраќање да се даваат пробиотици. Доколку детето почне да се жали на силна болка во стомакот, урината е темно кафена и има пожолтување на белката во окото веднаш на лекар, вели д-р Драгана Емел Марковска, педијатар.

Пандемијата насекаде во светот го направи населението поранливо а најчуствителни се децата. Засега нема точна причина за новиот хепатитис за кој прдупреди и СЗО, но опаѓањето на имунитетот како последица на двегодишниот живот со рестриктивни мерки е една од теориите на голем број лекари.

-Укинувањето на задолжителното носење на маски се сретнавме со вирусите, кои постојат. Но ние децата речиси две години ги чувавме во стаклено звоно. Падот на имунитетот е очигледен и сега ќе биде реперкусијата. Не оделе во градинка сега сите ќе одат и ќе има многу работа, вели д-р Марковска.

Личната хигиена, задолжителното и често миење на рацете и повеќе во природа отколку во игротека е апелот на доктор Марковска за овој период на чести вирусни инфекции.

Преземено од Сител

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.