реклама

Светската здравствена организација ја класифицираше зависноста од играње видео игри како специфично нарушување на менталното здравје, а овој тип на зависност е се почест кај децата и тинејџерите.

За да можат лекарите да утврдат дали детето е навистина зависно од видео игри, тие мора да „исполнат“ одредени критериуми, кои вклучуваат давање приоритет на играњето видео игри и нивно користење за поединецот да се чувствува добро или да избега од секојдневните задачи. Ако играњето видео игри го доведува детето во конфликт со родителите или општо опкружувањето, ова се смета и за еден од знаците на зависност, пренесува The Sun.

реклама

Како што објаснуваат експертите, знаците кои откриваат дека детето може да биде зависно од видео игри вклучуваат:

  • преокупација со игри
  • симптоми на анксиозност или нервоза кога играњето е прекинато или не е можно (тага, вознемиреност, раздразливост)
    силна потреба да поминете што е можно повеќе време играјќи видео игри
  • неможност да се намали играњето игри (неуспешни обиди да престанете да играте видео игри)
  • повлекување од други активности или губење на интерес за активности во кои детето претходно уживало
  • лажење на родителите за времето поминато во играње видео игри
    користење видео игри за ублажување на негативните
  • расположенија како лутина, вина или анксиозност
  • попуштање на училиште.

реклама