Машката ракометна репрезентација на Македонија игра два меча со Египет во Каиро, пријателски натпревари во рамки на ЕХФ неделата.

На тимот се приклучија Никола Митревски, Жарко Пешевски и Филип Миркуловски, тука е и Аце Јоновски во стручниот штаб.

„Почнуваме нов циклус, подоготовки за ЕП 2022. Имаме за противник силен противник. Ќе ни помогне за подготовка во оваа ЕХФ недела. Има сигурно квалитет како Словенија и повеќе, имаме нови момци во екипата, ќе биде убава можност да видиме до каде сме. Веќе размислуваме за Словенија, се подготвуваме за нив, индивидуално. Но, има многу време, можат многу работи да се променат за два месеца. Имаме темпо, мораме да се подготвиме добро за тој натпревар што може да биде и клучен“, изјави Миркуловски.

Искусниот репрезентативец имаше пофални зборови за младите ракометари, според него ракометна Македонија има голема перспектива.

„Долго време не сме имале вака добри млади ракометари. Се работи за играчи 2000, 2002… има перспектива. Јас лично долго време немам видено да излезат вакви играчи. Сепак, многу рано да се очекува што било од нив. Но, убаво е да ја почувствуваат ‘таа’ атмосфера, да им покажеме ние постарите што треба да прават и на терен и надвор од теренот. Ќе биде ова едно големо искуство за нив“, додаде Миркуловски.