Нашиот репрезентативец Бојан Миовски смета дека нашата репрезентација има шанси за второто место во квалификациската група „Ј“ кое носи место во плејофот од квалификациите и дека треба само треба да бидеме поконкретни, но и подобри во нападот.

Имаме теоретски шанси за второто место и ќе дадеме се од себе да оствариме победа на двата последни меча. Повредите се дел од фудбалот. Недостасуваат неколкумина, но тие што се тука убеден сум дека ќе ја оправдаме довербата на селекторот. Ја анализираме Ерменија, треба да бидеме поконкретни и подобри во нападот“ рече Миовски.