На социјалните мрежи се споделува објава според која во моментов на Детската клиника по ходниците „умира дете со посебни потреби“.

Според објавата, во која се апелира до Министерството за здравство да преземе нешто, меѓу другото пишува дека детето е во „многу тешка критична здравствена положба со тешки ковид симтоми и висока температура“.

Родителите бараат помош бидејќи, како што пишива, во болницата не сакале да го примат.

Во меѓувреме, човекој кој објави, кој му е чичко на девојчето, пишува дека е примено во болница, но со многу влошена состојба.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.