Украинскиот министер за внатрешни работи, Денис Монастирски, за малку ќе настрадал додека бил во посета на украинските војници – кога во негова непосредна близина експлодирала граната.

Интересно е што само неколку секунди пред да се случи експлозијата, Монастирски им се обрати на новинарите велејќи дека „ние сме подготвени за секое сценарио во секоја минута“.

Следело експлозија!

Локалните медиуми јавуваат дека граната била испукана од група поддржана од Русија, која веќе осум години предизвикува проблеми.

Во инцидентот нема информации за повредени.