По киксот против Елче, Реал Мадрид дојде до победа против Гранада од 1-0. Неубедлив но многу важен триумф за кралскиот клуб во шпанската Примера Дивизија.

Клучниот момент се случи во 74. минута кога Асенсио со удар од далечина постигна гол кој значеше победа.

„Кралскиот клуб“ сега има 53 бодови на првата позиција во шпанскиот фудбалски шампионат, по што следи Севилја со 47, трет е Бетис со 40, додека Барселона има 38 и се наоѓа на четвртото место.